Целта на Изворче-Монтесори е да им даде подготвена средина на децата кои се на возраст од 2 до 6 години преку која тие ќе ги искусат бенефитите од Монтесори едукацијата. Монтесори едукацијата е уникатна и базирана на истражувањата и откритијата на др. Марија Монтесори која го опсервирала детскиот развој, дизајнирала и имплементирала едукативен метод кој го посветила на индивидуалните потреби на детето. Нашата Монтесори мисија е да осигураме сигурна средина каде што може да продолжи детскиот природен процес на раст и развој. Др. Монтесори открила дека потребите и карактеристиките на децата на различни стадиуми од нивниот развој се клучни за подготовка на средината каде што тие ќе учат најдобро и ќе учат со свое темпо. Ние веруваме дека децата имаат природна љубопитност и љубов кон учењето.
Детето преку своите истражувања, откритија, имагинација, креативност и знаења го разбира и прифаќа светот околу него. Монтесори методот и материјалите му помагаат на детето преку слободен избор и контрола да се самоедуцира. Детето има можност да развие свои квалитети како само-доверба, само-почит, само-контрола, само-дисциплина и независност, но и да развие навики за концентрација, истражување и уредност додека работи. Монтесори методот исто така му помага на детето да стане социјална свесна и одговорна личност. Тригодишниот циклус и интеграција на деца со посебни потреби нудат модел на реална општествена заедница во која децата ќе развиваат особини и ќе учат како да се вклопат во поголеми заедници. Средината нуди индивидуалност, независност, взаемна зависност, свесност и толерантност кон потребите на другите човечки суштества со што се оценува целиот живот. Монтесори е систем на учење во чиј ценатр е детето учителите помагаат да се поминат социо-економските и културните граници. Најважни се детските потреби; ние ја поддржуваме Монтесори максимата - Следи го детето.
Ве покануваме да ни се придружите и да се запознаете со нашата Куќа за деца. Ќе ги видите нашите училници, малите ученици, ќе дознаете на каков начин соработуавме и ги едуцираме родителите, ќе дознате е што е Монтесори едукација и дали сме ние вистинскиот избор за Вашето дете. Ви посакуавме топло добредојде во нашето Изворче-Монтесори.