За Нас


Изворче-Монтесори е приватна предучилишна установа за едукација и воспитание на деца на возраст од 2 до 6 години. Основано е во 1991 година. Нашата програма го следи развојот на децата според филозофијата и методологијата на др. Марија Монтесори, која е многу поразлична од традиционалната, системски прифатена програма. Оснивачките на нашата Куќа за деца се искусни едукатори, менаџери и одговорни за едукативната програма, вработување и супервизија на учителите како и развој на установата и контакти со јавноста. Родителскиот одбор е активно вклучен во активности со кои се подобруваат условите на работа, и едукација на децата. На редовни средби тие влијаат врз одлуки за прогрес и односи со јавноста, избор на надворешни соработници, сугестии, коментари и совети.

Изворче-Монтесори нуди целодневна настава на две нивоа; програма за доенчиња до 3 годишна возраст, и програма за предучилишна едукација за деца до 6 годишна возраст. Децата се во мешани групи и имаат слобода на движењата низ целиот објект. После тригодишен циклус на едукација нашите ученици добиваат сертификат за знаење и потврда за Монтесори едукација на ниво Куќа за деца. Знаењата се следат преку дневни опсервации, а два пати во годината се прават проверки со Монтесори тестови од страна на супервизори.

Работиме пет дена во седмицата, и нудиме целодневна Монтесори едукација. Децата кои минуваат низ период на адаптација може да останат половина ден. Во текот на денот децата добиваат пет оброка, подготвени од нутриционист, учат два странски јазика, имаат дополнителни часови по физичка култура, часови по музичка култура, пет пати во годината имаме активности надвор од објектот, работиме паралелни програми или теми со Монтесори предучилишни установи од целиот свет.

Работното време е од 07.00 - 18:00 часот, дополнителен престој или часови се доплаќаат. Изворче-Монтесори има две акредитации, верифицирана програма и редовна супервизија од искусни Монтесори едукатори и тренери од Европа и САД. Во едукативниот тим на нашата установа и наш редовен супервизор и соработник е член на Бордот на советници на Интернационалата Монтесори Асоцијација.