Монтесори Метод


Изворче-Монтесори има две акредитации на европско (2006) и светско ниво (2008)

Др. Марија Монтесори

За разлика од останите едукативни филозофи, др. Марија Монтесори развила едукативен метод кој ќе се вклопува во нејзината филозофија. Нејзините генијални, научни опсервации на децата се важна причина трајно и широко распространето влијание на нејзинта работа. Двете клучни компоненти на Монтесори методот се подготвена средина и едуцирани едукатори кои ја подготвуваат средината која го негува детето, но истовремено е дизајнирана да може да одговори на потребите на детската само-конструкција. Монтесори едукацијата е уникатна бидејќи е ориентирана кон детето, учителите се помошници кои ги едуцираат и третираат децата како посебни индивидуи. Детските потреби на различни развојни стадиуми се најважни и се сретнуваат со внимателно подготвена и уредна средина. Овие потреби се базирани на она кое Монтесори го нарекла сензитивни периоди, периоди кога децата природно апсорбираат и се силно заинтересирани за одредени аспекти од нивната средина. Монтесори училниците се опремени со разновидни конкретни материјали и одговараат на овие сензитивни периоди засилувајќи ги детските интереси и овозможувајќи им да учат без да чувствуваат умор или напор. Монтесори методот му дава на детето можност да се развива во одговорна личност која ќе ја почитува својата и туѓата работа во подготвената средина, помагајќи му истовремено да стекне само-доверба и независност. Детето развива љубов кон учењето преку вежби за концентрација, организација и соработка со останите додека работи по своетемпо и водено од сопствените интереси. Монтесори средината им помага на Монтесори учениците да имаат силно чувство за социјалната свест и праведност и им помага да научат како да ги вреднуваат и оценуваат правилно останите кога работат во целата група.

Сите Монтесори класови се основани на три годишен циклус. Па така, во една училница има деца на мешана возраст од 0-3, 3-6, 6-9, 9-12 годишна возраст. Монтесори филозофијата е базирана на растот на децата по нивно темпо и на различни развојни нивоа. За да се олесни ова мора да има различен спектар од дидактични материјали кои му се нудат на детето во различен период и различен момент во текот на неговата едукација.

Децата се групирани во различни групи со мешана возраст, способности и интереси, помалите учат од поголемите, а поголемите стануваат свесни за своите одговорности. Сите се меѓусебни модели од кои учат, имитираат, дополнуваат. Малите деца учат опсервирајќи ги постарите деца додека тие работат. Социјалните структури во класот се како мала општествена заедница, во која различни возрасти работат и функционираат во хармонија. Третата година од циклусот му помага на секое дете да го макисмилизира својот индивидуален потенцијал преку синтесизирање на концептите кои ги научило. Затоа е есенцијално секој Монтесори ученик да заврши тригодишен едукативен циклус. Само во тој случај може да ги искуси вистинските и целокупните бенефиции од Монтесори едукацијата.


„Нашата задача не е да го натераме детето да сфати, ниту пак да го принудиме да запомни , туку да ја предизвикаме неговата имагинација и да продреме во неговата внатрешна срцевина.”