Нашите Програми


Изворче-Монтесори е приватна предучилишна установа за едукација и воспитание на деца на возраст од 2 до 6 години. Основано е во 1991 година.

Нашата програма го следи развојот на децата според филозофијата и методологијата на др. Марија Монтесори, која е многу поразлична од традиционалната, системски прифатена програма.

Изворче-Монтесори има две акредитации, верифицирана програма и редовна супервизија од искусни Монтесори едукатори и тренери од Европа и САД. Во едукативниот тим на нашата установа и наш редовен супервизор и соработник е член на Бордот на советници на Интернациониот Монтесори Совет.